Прославувањето по повод 35 години независност на Македонија, се заокружува утре со музичка вечер на плоштадот во Тетово.
Тетовци ќе ги забавува една од најголемите македонски музички ѕвезди, Каролина Гочева. По нејзините хитови, следува и настапот на етаблираните и искусни Елита 5, популарен албански рок состав од Тетово.
„Утре, по повод 35 години независност на Република Македонија, на Градскиот плоштад во Тетово нe очекува голема музичка вечер со Каролина Гочева и ЕЛИТА 5! Концертот започнува во 20:00 часот, а честа прва да ја отвори вечерта и припадна на Каролина Гочева. Ајде заедно да го наполнеме плоштадот и да ја прославиме независноста онака како што доликува! Градски плоштад – Тетово, вторник, 20:00 часот“, се вели во најавата за настанот.
The post Музичка вечер со Каролина Гочева и Елита 5 на градскиот плоштад во Тетово appeared first on Plus Forte Radio.
