Спонзор · Демо 1
SAYMON SEZ · ПАРТНЕРИВашиот бренд тукаВидливост. Локална публика. Ваша приказна.ДЕМО · ПОЗИЦИЈА 1
Спонзор · Демо 2
SAYMON SEZ · ПАРТНЕРИВашиот бренд тукаВидливост. Локална публика. Ваша приказна.ДЕМО · ПОЗИЦИЈА 2

октомври 2, 2026

Кога планината станува место за детски радости – незаборавен викенд на Љуботен

Објавувач: Saymon SezПартнерски текст · извор: Plus Forte Radio

Ски клубот „Диме Флејта“, заедно со Здружението за рекреација, спорт и обуки „Шара Скул“ и Планинарскиот клуб „Љуботен“, го одбележа почетокот на подготовките за претстојната снежна сезона со незаборавен викенд на Љуботен.

По кратката летна пауза, повеќе од 50 деца и родители повторно ги облекоа планинарските обувки и тргнаа кон Љуботен. Дводневниот настан, под името „Преп Камп 2026“, беше посветен на спортот, природата и, пред сè, на дружењето.

Иако времето минатата сабота не беше идеално, можноста за дожд не ги поколеба учесниците. По искачувањето од Старо Село до Планинарскиот дом „Љуботен“, децата продолжија со спортски активности, игри и натпревари, а вечерта донесе една навистина посебна атмосфера – заедничка вечера, смеа, дружење и проекција на филм во топлиот и рустичен амбиент на планинарскиот дом „Љуботен“.

Неделното утро донесе нови искуства, кратки прошетки, вежби, слалом и многу енергија. Децата, дури и по сопствена идеја и сосема самостојно, правеа целосно функционални биваци од гранките, грмушките и тревата што ги опкружуваа. По сите активности, останаа нови пријателства, заеднички моменти и спомени кои децата и родителите долго ќе ги носат со себе.

-Овој викенд уште еднаш ни покажа колку значи децата да ги однесеме во природа и да им дадеме простор сами да истражуваат, да се дружат и да уживаат – вели Љубомир Петровски, секретар на Скијачкиот клуб, кој додава:

-Нашата земја изобилува со прекрасни планини и ридови, а дури 80% од територијата е од таков тип. Кога ќе го разбереме тој прекрасен природен потенцијал, тогаш сите колебања стануваат поедноставни, а пораката појасна: Сите на планина!

За реализацијата на викендот, организаторите упатуваат благодарност до тимовите на Планинарскиот дом „Љуботен“, Вила „Љуботен“, кујната „Корал“, компаниите Лаор Медикал, ЗЗ Единство и Макси ЛС, како и до сите пријатели и партнери кои беа дел од оваа приказна.

Два дена на планина, многу насмевки и еден заклучок: ваквите викенди треба да станат традиција.

The post Кога планината станува место за детски радости – незаборавен викенд на Љуботен appeared first on Plus Forte Radio.

Request a quote