ТЕТОВО · РЕГИОН · МАКЕДОНИЈАПРОДУКЦИЈА / МЕДИУМИ / 3Д ПЕЧАТЕЊЕ
Сите вести

Поликлиника „ЛАОР“ Тетово: Розов октомври – месец да му посветиме повеќе внимание на нашето здравје

01.10.2026 · Saymon Sez

Објавувач: Saymon SezИзвор: Plus Forte Radio ↗

Октомври – месец кој нè потсетува дека превенцијата нема пол.

Октомври го одбележуваме како Розов октомври, период посветен на подигање на свеста за ракот на дојката и важноста од неговото навремено откривање, велат од Поликлиника „Лаор“ Тетово.

-Иако ракот на дојката е многу почест кај жените, може да се појави и кај мажите. Затоа, секоја нова или невообичаена промена на дојката заслужува внимание и лекарска проценка. Но, грижата за здравјето во октомври не застанува тука. Редовниот гинеколошки преглед, грижата за здравјето на дојките, следењето на репродуктивното и хормоналното здравје, како и грижата за срцето и коските, се важни во различните периоди од животот на жената.

Овој октомври, не го одложувајте прегледот. Одвојте време за вашето здравје и направете ја превенцијата дел од вашата редовна грижа за себе.

Во текот на целиот октомври 2026, „ЛАОР“ со специјалната понуда:

– Специјалистички преглед + ЕХО (ултразвук) на дојки 1.200 ден.

– БОНУС ЗА ВАС: Секоја пациентка која ќе ја искористи понудата добива ВАУЧЕР СО 30% ПОПУСТ за специјалистички офталмолошки прегледи.

Редовниот преглед е важен чекор во грижата за вашето здравје. Не го одложувајте. Грижете се за себе.

Закажете термин на 076 273 746

The post Поликлиника „ЛАОР“ Тетово: Розов октомври – месец да му посветиме повеќе внимание на нашето здравје appeared first on Plus Forte Radio.