Заморот, стресот и секојдневните обврски оставаат трага врз телото и лицето. Затоа, понекогаш е потребно едноставно да застанеме, да се опуштиме и да си посветиме малку време.
Во Бјути салон „Биби“ на Градскиот пазар на кат, во Тетово, ве очекуваат различни видови масажи и третмани за релаксација, нега и подобрување на чувството на удобност.
Масажа според вашите потреби
Во салонот можете да изберете помеѓу:
- Релакс масажа – за опуштање и ослободување од секојдневниот стрес;
- Спортска масажа – наменета за оние кои имаат активен животен стил и дополнително го оптоваруваат мускулното ткиво;
- Медицинска масажа;
- Лимфна масажа;
- Вакуум терапија;
- Лифтинг масажа на лице – третман кој се фокусира на мускулите на лицето и природното освежување на неговиот изглед.
А тука следува и една дополнителна причина да си подарите време за себе.
Со секој закажан термин за масажа добивате ГРАТИС масажа на лице!
Вакуум терапија – посебна техника за тело
Еден од третманите што го нуди слоното е вакуум терапијата, специјална техника со вакуум чашки. Третманот е насочен кон подобрување на циркулацијата и поддршка на лимфниот систем, а се користи и за релаксација на мускулите и третирање на појавата на целулит.
Природен лифтинг за посвеж изглед на лицето
Со текот на годините, тонусот на кожата постепено се намалува, а брчките стануваат повидливи, особено во пределот околу очите, устата и челото.
Лифтинг масажата на лице ги опфаќа мускулите на лицето и овозможува релаксација, подобар тонус и посвеж изглед, без инвазивни процедури.
Ако сакате малку време само за себе, релаксација и професионална грижа, Бјути салон „Биби“ ве очекува во Тетово.
📍 ул. „Маршал Тито“, Градски пазар, кат 1, локал 28, Тетово
📞 077/900-019
Бјути салон „Биби“ – подарете му на вашето тело заслужена пауза.
The post ПР текст: Бјути салон „Биби“ – нега и релаксација на едно место appeared first on Plus Forte Radio.
