„Левица одбива да биде соучесник во фашизацијата на Тетово и пазарењата на ДПМНЕ – ВРЕДИ“
Локалниот огранок на политичката партија Левица со известување до јавноста дека е донесена неотповиклива одлука за итно повлекување на својот претставник Никола Тодороски од Работната група за преименување и именување на улици во Општина Тетово. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
-Од длабоки патриотски причини и од почит кон предците кои ги дадоа своите животи за слободно и македонско Тетово, Левица одбива да даде легитимитет на овој историски ревизионизам. Нашата партија нема да биде декор на коалициската злосторничка дружина ДПМНЕ – ВРЕДИ, која бескрајно и бескрупулозно, заради фотелији и ситни лични интереси, тргува со историските факти и ги брише националните чувства на Македонците во Тетово.
Иако Левица поднесе дециден и аргументиран приговор, очигледно е дека задкулисниот пазар меѓу ДПМНЕ и ВРЕДИ е веќе склучен на штета на македонскиот народ. Во својата официјална изјава, претставникот на Левица, Никола Тодороски, истакна:
„Одбиваме да учествуваме во бруталното урнисување и бришење на антифашистичката историја на нашиот град. Поднесовме официјален приговор со кој поставивме цврсти црвени линии против шверцувањето на докажани фашистички слуги и негатори на Македонија како што се Фадил Сулејмани, Џафер Сулејман и Шериф Кавази. Баравме СТОП за партизацијата на улиците со верски лица без општествен придонес, како и заштита на постојните традиционални македонски топоними – вклучително и замена на предлогот ‘Манастирска’ во историското име ‘Битола’.
Работната група беше должна да расправа одделно за секој наш приговор и да отвори поширока јавна расправа, но тие избраа бегство од народот и шверцување одлуки во четири очи. Левица нема да биде соучесник во ова историско предавство и ја напушта оваа срамна комисија.“
Левица порачува дека Тетово бил, е и ќе остане бастион на антифашистичката борба. Фашизоидните, ревизионистичките и профитерските агенди на ДПМНЕ и ВРЕДИ нема да поминат во Тетово и порано или подоцна ќе наидат на силен народен одговор и суд – се вели во соопштението ан Левица Тетово.
The post Левица Тетово се повлекува од работната група за именување и преименување на улици во Тетово appeared first on Plus Forte Radio.
